MKinformer

your daily dose of news

Невреме во Кефалонија: Поплави, лизгање на земјиштето и оштетена патна инфраструктура

14/02/2025 16:48

Невремето што од синоќа го зафати грчкиот остров Кефалонија предизвика сериозни проблеми на патната инфраструктура и поплави. Поради обилните дождови, поплавени се делови од островот, а исто така имало и лизгање на земјиштето и штети на патната мрежа. Денеска, од бројот за итни случаи 112, беше испратена порака до жителите на Кефалонија да ги ограничат своите движења поради интензивните временски услови (врнежи од дожд) и да ги следат упатствата од властите.

И жителите на Закинтос добија слична порака, предупредувајќи ги за опасни временски појави во текот на следните 24 часа. Апелот е и за нив да ги ограничат своите движења и да останат во тек со известувањата од властите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!