Неправилности во градбата: Кичевскиот инспекторат прекина работа на три објекти, но тие повторно продолжиле
16/02/2025 16:39
Општинскиот градежен инспекторат во Кичево минатата недела извршил контрола на три објекти, од кои на два прекинал со работата, а на еден објект се утврдени неправилности. Според информациите, не биле почитувани градилишните правила, а констатирани се повеќе прекршоци, јавува ТВ21.
Од Градежниот инспекторат во Кичево информираат дека во сите три објекти е надмината дозволената висина, со што се прекршени одобренијата за градба. Според нив, за да се запре работата, била поставена трака, но таа била отстранета и работите продолжиле без санкции.
ТВ21 побара став и од Државниот градежен инспекторат, каде директорот Зухејр Реџепи потврди дека се запознаени со случаите и дека следната недела ќе излезат на терен за да ја проверат фактичката состојба.
Доколку се утврдат уште неправилности, ќе се преземат мерки, а информации покажуваат дека има и други објекти кои не ги почитувале правилата за висината на зградите, особено на оние со три или повеќе ката.






