MKinformer

your daily dose of news

Без струја во делови од Карпош, Бутел, Кисела Вода и Аеродром

17/02/2025 9:35

Денес, дел од корисниците на улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Осло“ во општина Карпош ќе останат без електрична енергија од 9 до 12 часот.

Според известувањето од ЦУК, добиено од ЕВН Македонија АД, во периодот од 11 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од улица „Александар Урдаревски“, близу клучката со обиколница, во општина Бутел.

Од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улица „Христо Татарчев“ 16 во општина Кисела Вода, додека од 8 до 15 часот, електрична енергија ќе немаат корисниците од дел од село Долно Лисиче, во близина на пекарата „Орешка“, во општина Аеродром.

error: Содржината е заштитена од копирање !!