MKinformer

your daily dose of news

Општина Илинден субвенционира купување велосипеди за 2025 година

25/02/2025 21:15

Општина Илинден и оваа година ќе го субвенционира купувањето велосипеди со цел да го поттикне користењето на еколошки транспорт и да ја поддржи здрава животна средина. Според јавниот повик за 2025 година, граѓаните на Општина Илинден ќе можат да добијат еднократна парична помош за набавка на нов велосипед.

Помошта ќе изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари. Барањата ќе се разгледуваат по редослед на пристигнување, а правото на учество имаат сите граѓани со постојано место на живеење во Општина Илинден кои ќе купат нов велосипед во периодот од 24.2.2025 до 30.4.2025 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!