ДЕЛОВИ ОД КАРПОШ 1 И 2 ДЕНЕС БЕЗ ВОДА
06/03/2025 8:35
Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денес (четврток) поради промена на два затварача (шибери) Ф 150мм. и Ф 100мм.на улица Руџер Бошкович 4, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од следните улици: Руџер Бошкович на потег од бул. 8-ми Септември до улица Никола Тесла, дел од бул. 8-ми Септември на потег од бул.Партизански Одреди до бул. Илинден и дел од улицата Орце Николов на потег од бул.8-ми Септември до улицата Никола Тесла.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.



