Неколку скопски општини утре и задутре ќе останат без струја и вода
30/06/2021 17:24По добиените известувања од ЕВН и ЈП Водовод и канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека:
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
на ден 01.07.2021 година (четврток):
од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пушкинова бр. 4. (Oпштина Кисела Вода)
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: 163, 164, 165 и Хусеин Бајрам во нас. Крњево. (Општина Центар)
од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Демир Трајко и Његошева. (Општина Карпош)
на ден 02.07.2021 година (петок):
од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од делови од улиците: Коста Новаковиќ и Методија Шаторов – Шарло. (Општина Аеродром)
на ден 01.07.2021 година (четврток):
Заради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Среќко Пужалка бб, од 08:30 часот до завршување со активностите, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од дел од улицата Среќко Пужалка и нас. Товарник. (Општина Гази Баба)
Заради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Виктор Иго бр. 31 , од 09:00 часот до завршување со активностите, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците: Виктор Иго, Невена Георгиева Дуња, Драга Стојановска и Дренак. (Општина Кисела Вода)



