ДАЛИ ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ КИНА И РУСИЈА ЌЕ СЕ ОЛАДАТ, ПО ЗБЛИЖУВАЊЕТО НА ТРАМП И ПУТИН?
12/03/2025 10:03
Министерот за надворешни работи на Кина, Вaнг Ји од страна на новинарите беше запрашан за односите помеѓу Русија и Кина, дали тие ќе застранат и ќе се оладат? Ова прашање беше поставено во насока на затоплувањето на комуникацијата и односите помеѓу САД и Русија, особено по доаѓањето на Доналд Трамп за претседател на САД.
Министерот за надворешни работи на Кина, Ји одговори на провоактивното прашање, уверувајќи дека промeни во добрососедските односи со историскиот пријател Русија нема да има.
Секоја година ме прашуваат за односите меѓу Кина и Русија, иако секој пат од различни перспективи. Она што сакам да го нагласам е дека како и да се развива меѓународниот пејзаж, историската логика на пријателството меѓу Кина и Русија нема да се промени и нејзината внатрешна движечка сила нема да се намали.
Врз основа на нашата соработка и релации преку историското искуство, Кина и Русија одлучија да воспостават вечно добрососедство и пријателство, да спроведат сеопфатна стратешка координација и да се стремат кон взаемна придобивка и соработка во вин-вин стил, бидејќи тоа најдобро им служи на основните интереси на двата народи и е во согласност со трендот на нашето време.
Односите на двете земји и нивниот развој најдоа начин тоа да го направат без да се удружуваат, конфронтираат или притискаат трета страна . Тоа е пионерски напор во формирањето на нов модел на односи меѓу големите земји и постави добар пример за односите меѓу соседните земји. Зрелите, издржливи и стабилни односи меѓу Кина и Русија нема да бидат под влијание на каков било пресврт на настаните, а камоли да бидат предмет на мешање од која било трета страна. Нашите односи со Русија не осцилираат за сметка на геополитичките игри, напротив ти се константа во овој турбулентен свет, образложи Венг Ји
Минатата година се одбележа 75-годишнината од кинеско-руските дипломатски односи. Претседателот Кси Џинпинг и претседателот Владимир Путин имаа три состаноци лице в лице, со кои заеднички го насочија сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Русија за координација за новата ера во нова историска фаза.
Оваа година ќе се навршат 80 години од победата во Втората светска војна. Тогаш, Кина и Русија храбро се бореа во главните театри во Азија и Европа, соодветно. Двата народа дадоа огромни жртви и големи, историски придонеси за победата на Светската антифашистичка војна. Двете страни ќе ја искористат можноста за заедничко одбележување на оваа важна историска пресвртница за да се залагаат за правилен историски поглед на Втората светска војна, да ги бранат нејзините победнички исходи, да го поддржуваат меѓународниот систем во центарот на ОН и да промовираат праведен и рамноправен меѓународен поредок.





