Претреси во домот на сопственикот на дискотеката „ПУЛС“, одземени компјутери и документација
26/03/2025 11:56
На 25 март 2025 година, полициски службеници извршија претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „Инсигниа“, два угостителски објекти, како и во канцеларијата на Државниот пазарен инспекторат во Кочани. Претресите доведоа до одземање на различни предмети, вклучувајќи лаптопи, мобилни уреди, документација и други материјали од домот на осомничениот. Одредени предмети беа одземени и од возилото и од угостителските објекти, а откриена беше и финансиска документација.
Во канцеларијата на Државниот пазарен инспекторат во Кочани, при извршениот претрес, пронајден и одземен е еден компјутер, лаптоп и таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј.
МВР известува дека се преземаат мерки за понатамошно испитување на случајот.






