MKinformer

your daily dose of news

СТОЈАНОСКИ: Вредносни ваучери за сите студенти за набавка на компјутер, лап топ или таблет

15/07/2025 11:28

Пратеникот Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја информираше јавноста дека заедно со Никола Мицески поднеле Закон за издавање на вредносни ваучери за студентите.

Со овој закон се овозможува сите студенти ди 29 години, редовни и вонредни, запишани во учебната 2025/2026 година на државни и приватни високообразовни институции да се стекнат со вредносен ваучер со кој можат да набават, компјутер, лап топ или таблет.

Тој во својата објава го наведе следното:

ПОДНЕСЕН Е ЗАКОНОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ✅
Заедно со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Nikola Micevski, го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери за студентите.
Со овој закон се предвидува финансиска поддршка за младите преку ваучери за набавка на електронски уреди — персонален компјутер, лаптоп или таблет.
📌 Право на ваучер ќе имаат сите студенти до 29 години, редовни и вонредни, запишани во учебната 2025/2026 година на државни и приватни високообразовни установи во Република Македонија.
1️⃣ Ваучерите се издаваат во вкупен износ од 850.000.000 денари
2️⃣ Секој ваучер ќе биде со вредност од 15.300 денари
3️⃣ Се предвидува издавање на вкупно 55.000 ваучери
🎯 Целта е јасна – поддршка за дигитална писменост, подобри услови за студирање и еднаков пристап до технолошки алатки за сите студенти во државата.
Македонија за сите ! 🇲🇰

error: Содржината е заштитена од копирање !!