MKinformer

your daily dose of news

УКРО: Интензивно се работи на обезбедување на недостапните лекови

22/04/2025 11:50

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) соопшти дека интензивно се работи на обезбедување на лековите кои моментално недостасуваат.

„Постапката за јавна набавка е целосно завршена од страна на нашата клиника, а управната контрола од Бирото за јавни набавки е спроведена во рекорден рок“, информираат од УКРО.

Во моментов е активен законскиот рок за поднесување приговори, а понатамошниот процес е под надлежност на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Од клиниката нагласуваат дека нивниот тим за јавни набавки работи со максимална посветеност за што побрзо завршување на сите процедури, со цел склучување на договори со добавувачите и испорака на потребните лекови најдоцна до крајот на оваа седмица.

Како што прецизираат за МИА, постапката опфаќа околу четириесет артикли, меѓу кои се и најдефицитарните медикаменти.

error: Содржината е заштитена од копирање !!