MKinformer

your daily dose of news

7 Мај, ден на македонската Полиција

07/05/2025 10:49

Во Центарот за обука на МВР во Идризово, денеска ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7-ми Мај.

Како што информираат од МВР, на настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.

На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.

Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

error: Содржината е заштитена од копирање !!