Општина Карпош во акција за заштита од влекачи
22/05/2025 12:53
Денеска службите ја спроведуваат акцијата за поставување на „Репелент“, односно средство за превенција и заштита од змии. Службите поставуваа по должината на ул.Ловќенска во населбата Козле и на теренот меѓу мештаните познат како „шпанско село“. По пријава на граѓаните од населбата Влае 2 службите поставија „Репелент“, а ова превентивно средство беше поставено и кај паркот позади Веро (Тафталиџе).






