Времето денес: ќе биде сончево и доумерено облачно, викендов посвежо
23/05/2025 8:20
Поради циклон над Јонското Море, овој викенд (сабота и недела, 24 и 25 мај) во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат интензивни и со грмежи. На некои места се можни и невремиња.
Во одредени региони се очекува да наврне повеќе од 30 литри дожд на квадратен метар.
И во Скопје и околината ќе биде врнежливо, со поројни врнежи во одредени периоди.
Дополнително, од север и североисток ќе навлезе значително постуден воздух, што ќе предизвика голем пад на температурите, кои ќе бидат пониски од вообичаените за овој дел од годината. Поради студениот бран, на планините над 2000 метри може да има слаби врнежи од снег.
Најстудено ќе биде во недела (25 мај), кога дневните температури ќе се движат меѓу 10 и 18 степени. Студениот воздух ќе донесе и повремено засилен северен ветер.





