Познат идентитетот на загинатите пред касарната “Илинден”
25/05/2025 18:17
Полковникот Стефан Ивановски, кој е поранешен припадник и командант на ЕСН Волци и Ана Нешковска која била негова сопатничка, а работела во Министерството за одбрана – се загинатите во сообраќајната несреќа кај касарна „Илинден“.
Припадниците на безбедносните сили во неверување, се простија од двајцата.
Меѓу другите, емотивен статус објави и ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска.






