Со неплатен одмор од работа: Од магацин на гол против Баерн!
16/06/2025 9:30По ремито на Интер Мајами и Ал Ахли на отворањето, Баерн Минхен немаше милост и со 10-0 го совлада полуаматерскиот состав на Оукланд.
Оукланд е шампион на Океанија, но во своите редови има и фудбалери за кои фудбалот е само хоби бидејќи работат нешто друго.
Таков случај е со голманот Конор Трејси кој работи како магационер во Нов Зеланд и да настапи на турнирот морал да земе неплатен одмор.
„Морам да комбинирам со годишниот одмор и неплатено отсуство. Ќе плаќам мала кирија со сметки и се останато, но ќе играм против Баерн, Бенфика и Бока, 100% се исплати“, порача Трејси.
Следниот натпревар на Оукланд е на 20 јуни кога ќе се соочи со Бенфика, додека четири дена подоцна овој тим ќе игра против Бока Јуниорс.






