MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) СТРАШНА ПОВРЕДА НА ФУДБАЛЕРОТ НА БАРЕН МИНХЕН: Мусиала надвор од теренеите најмалку пет месеци

06/07/2025 10:57

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, тешко ја повреди левата нога и мораше да го напушти натпреварот против Пари Сен Жермен во четвртфиналето на Клупското светско првенство.

Мусиала се повреди во завршницата на првото полувреме, по дуел еден на еден со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Сцената на тешката повреда не беше прикажана на големите екрани на стадионот „Мерцедес-Бенц“.

ПСЖ го доби натпреварот со 2-0.

Ова беше прв старт на Мусиала за Баерн по три месеци пауза, поради претходна повреда на мускул (хамстринг) во април.

„Верувам дека момчето имаше навистина тешки месеци зад себе и успеа да ги преброди добро,“ изјави напаѓачот на Баерн, Томас Милер. „Сите му држиме среќа.“

22-годишниот Мусиала, кој настапува и за германската репрезентација, го започна натпреварот со три гола на турнирот — само еден помалку од водечките стрелци Анхел Ди Марија и Маркос Леонардо. Со тие голови, неговиот биланс за сезоната достигна 21 гол, вклучувајќи 12 во Бундеслигата и 3 во Лигата на шампионите.

Повредата се случи непосредно пред крајот на првото полувреме. Судијата го означи крајот на полувремето додека Мусиала добиваше лекарска помош на теренот. На негово место во второто полувреме влезе Серж Гнабри, при резултат 0-0.

„Сакам да му испратам кратка порака,“ изјави дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими. „Му даваме поддршка и сакаме што поскоро да го видиме повторно на терен, затоа што е одличен играч.“

Мусиала важи за една од најголемите млади ѕвезди во фудбалот – во 2024 година беше прогласен за Играч на годината на германската репрезентација, а во 2023 година беше втор на изборот за наградата „Златно момче“, која се доделува на најдобриот млад фудбалер под 21 година во Европа.

Дебитираше за Баерн Минхен во 2020 година, кога имаше само 17 години, станувајќи најмладиот фудбалер што некогаш настапил за клубот. Во 2022 година стана првиот тинејџер што играл за Германија на Светско првенство по 1958 година.

Поради повредата, Баерн Минхен најверојатно ќе мора да ја започне следната сезона без Мусиала. Клубот не успеа да го доведе Флориан Вирц од Баер Леверкузен, кој потпиша за Ливерпул, што остава празнина во позицијата на офанзивен играч во средниот ред.

error: Содржината е заштитена од копирање !!