(Видео) Во тепачка меѓу советници во Кочани, настрада недолжна вработена
19/06/2025 22:40
Како трагедијата во дискотеката „Пулс“ да не беше доволна, Кочани денеска се соочи со нов вознемирувачки инцидент, овојпат во самото седиште на локалната власт.
За време на седница на Советот на Општина Кочани, тензијата ескалираше во физички напад, кога еден од советниците фрли шише и удри административна службеничка.
И онака напнатата ситуација дополнително се влоши, оставајќи ги присутните и јавноста – која преку Радио Кочани го следеше настанот во живо – во шок.
В.д. градоначалникот Венко Крстевски се обиде да ја стабилизира состојбата, но инцидентот сериозно ја наруши сликата за работата на Советот.
Сè уште нема официјални информации за здравствената состојба на повредената, ниту за тоа дали се преземени конкретни мерки.
Јавноста бара целосна истрага и брзо утврдување на одговорноста.
Во време кога Кочани сè уште се опоравува од тешка трагедија, вакви случувања дополнително ја поткопуваат стабилноста и довербата во институциите.
Потребни се повеќе одговорност, трпение и заемна поддршка – и кај локалните власти и во пошироката заедница.






