Пожар проголта багер и автомобил во Драчево – нема повредени
20/06/2025 9:43Во раните утрински часови на 19 јуни, во скопската населба Драчево избувнал пожар во кој целосно изгореле багер и автомобил марка „Опел Корса“. Возилата биле во сопственост на 45-годишниот М.Б. од село Долно Количани.
Пожарот избувнал околу 2 часот по полноќ, на плац каде биле паркирани машината и возилото. Интервенирала екипа на Противпожарната бригада на Скопје, која успеала да го локализира и изгасне огнот. За среќа, нема повредени лица.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје. Причините за избувнувањето на пожарот засега остануваат непознати, а истрагата е во тек.


![Изгоре автомобил на бизнисмен во Македонија - Ветрот запалил уште две коли pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)



