MKinformer

your daily dose of news

Пожар кај џамијата во Сингелиќ, се чека официјален извештај

20/07/2026 15:12

Пожар избувна во Сингелиќ, пожарникарите интервенирале за помалку од 10 минути

Пожар избувнал во објект во скопската населба Сингелиќ, во близина на џамијата, а по пријавата брзо интервенирала екипа на Противпожарната бригада на Град Скопје.

За пожарот преку видео на Фејсбук информираше советникот Тони Бојковски, кој во објавата апелираше за итна реакција на надлежните служби.

Во телефонски разговор за МК Информер, Бојковски изјави дека по пријавувањето, пожарникарите пристигнале на местото за неполни десет минути.

„Се запали објект во населеното место Сингелиќ, близу до џамијата. По пријавувањето во Пожарна, за неполни 10 минути пристигна екипа на ППБС и за кратко го изгаснаа пожарот“, изјави Бојковски.

Во моментот не е познато дали во објектот имало луѓе во моментот на избувнувањето на пожарот, ниту дали има повредени лица.

Од МК Информер очекуваме официјални информации од надлежните институции за причините за пожарот, како и за евентуалните последици од овој настан.

error: Содржината е заштитена од копирање !!