(Видео)Вработените во Клинички центар ќе паркираат во „Лимак“
22/06/2025 11:53
Министерството за здравство, во координација со компанијата „Лимак“, пронајде привремено решение за проблемот со паркирањето кај Клиничкиот центар во Скопје.
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека дел од вработените во Клиничкиот центар ќе можат да користат дел од паркинг-просторот што го нуди објектот „Лимак“. За тоа ќе плаќаат исто како и досега, а договорот нема да го чини Министерството ниту денар.
Алиу истакна дека во рамки на Клиничкиот центар постојат околу 700 паркинг-места, но секојдневно таму се паркираат речиси 2.000 возила, што доведува до хаос – некои возила завршуваат дури и на тревници. Овој проблем, нагласи тој, мора системски да се реши.
Министерот одржа прес-конференција на која ги презентираше деталите од договорот и потенцираше дека ова е чекор кон поголема ефикасност и ред во функционирањето на здравствените установи.





