(ФОТО) Многу позитивна енергија на едно место, Роџер Санчез направи спектакл во Кисела Вода
27/06/2025 8:41
Општина Кисела Вода деновие прославува 70 години од своето постоење.
Градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи сподели дел од синоќашната атмосфера. На забавата синоќа главна ѕвезда беше, светски познатиот диџеј Роџер Санчез.
Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите оние што беа дел од овој неверојатен концерт, за кој како што вели, каков што Скопје не памети.
„Над 45.000 посетители од цело Скопје, од цела Македонија, како и од соседна Србија, Бугарија и Грција, беа дел од настапот на светската ДЈ ѕвезда Роџер Санчез, кој уште долго ќе се прераскажува, вели Ѓорѓиевски.
Сцената ја отвори ДЈ Матс со енергичен сет, а по него следуваа одличните настапи на ДЈ Ампов и ДЈ Деан Мицкоски, кои ја подгреаја атмосферата до максимум.
Ноќта кулминираше со појавувањето на американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез, кој ја раздвижи публиката со двочасовен сет кој ќе остане запаметен како едно од најголемите музички доживувања во Скопје.
Заедно со Сашко Коцев, вели градоначалникот, го поставиле и последното парче од сложувалката во форма на голема карта на Скопје!
„Ви благодарам на сите, без вас – вечерта не ќе беше така добра. Би рекол, предобра, јавно се заблагодари Ѓорѓиевски






