MKinformer

your daily dose of news

СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО ДО 40 СТЕПЕНИ, МАЛКУ ДОЖД И ПОЈАВА НА СИЛЕН ВЕТЕР

08/07/2025 7:57

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.

error: Содржината е заштитена од копирање !!