Крвава тепачка во Бардовци, осуденик со стаклено шише усмртил друг осуденик!
05/08/2025 13:57
Ноќеска во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје” во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело ‘убиство’, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство”. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.

![МВР: Крвава престрелка во Тетово – едно лице убиено, четворица повредени, меѓу нив и малолетничка policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)



