MKinformer

your daily dose of news

Познати деталите и идентитетот на жртвите во несреќата на скопската обиколница

22/05/2026 9:12

Министерството за внатрешни работи излезе со првични детали за тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница, при која животот го загубија четири лица.

Според информациите од МВР, на 21 мај 2026 година во 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата на Град Скопје, меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б. (76) од Косово, изгубило контрола.

По тоа, камионот преминал преку металната ограда во спротивната насока и се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.В. (51) од Скопје.

Трагедија на скопската обиколница: Четири лица загинаа во судир меѓу БМВ и камион

Од силниот удар избувнал пожар во двете возила. Од МВР информираат дека патничкото возило целосно изгорело, како и кабината на влекачот. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починале возачот на БМВ-то, Р.В. (51), како и сопатниците А.В. (20) и П.М. (20), сите од Скопје. Загинало и уште едно лице, чиј идентитет засега не е утврден.

Од МВР додаваат дека возачот на камионот е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Истрагата за причините и точните околности под кои дошло до трагедијата продолжува.

error: Содржината е заштитена од копирање !!