СДСМ ОБЈАВИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КАРПОШ
17/07/2025 21:41
Според информации на Телевизија 24, Социјал Демократиот Сојуз на Македонија-СДСМ за кандидат за градоначалник на Општина Карпош ќе ја кандидира Маја Мојсова.
Уште еден доктор се вклучува во трката за скопска општина како фаворит на Венко Филипче – поранешната национална координаторка за трансплантација, Маја Мојсова, ќе се кандидира за градоначалничка на Карпош. Таа ќе се соочи со кандидатот на Христијан Мицкоски и другар од студентски денови, бизнисменот Сотир Лукровски.






