MKinformer

your daily dose of news

Анкета во Карпош: Јакимовски води со 34%, половина од граѓаните не веруваат во фер избори

11/08/2025 12:41

Центарот за истражување и анализа (ЦИА) спроведе теренско испитување на јавното мислење во општина Карпош во пресрет на локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, а вториот круг на 2 ноември. Истражувањето е реализирано во периодот од 23 до 29 јули на репрезентативен примерок од 1.157 испитаници, преку прашалник со 14 прашања и техника „лице в лице“.

📊 Клучни резултати од анкетата:

  • Задоволство од актуелниот градоначалник: 57% одговориле „да“, 28% „не“, а 15% „не знам“.

  • Излезност на избори: 62% изјавиле дека ќе гласаат.

  • Доверба во изборниот процес: 48% сметаат дека изборите нема да бидат фер и демократски.

📈 Поддршка за кандидати за градоначалник:

  • Стевчо Јакимовски (актуелен градоначалник) – 34%

  • Сотир Лукровски (ВМРО-ДПМНЕ) – 18%

  • Маја Мојсова (СДСМ) – 12%

  • Не одлучиле – 17%

  • За ниту еден кандидат – 14%

  • Друг кандидат – 6%

📌 Преференции за советнички листи:

  • ВМРО-ДПМНЕ – 25%

  • СДСМ – 16%

  • Левица – 11%

  • ГРОМ – 6%

  • За ниту една листа – 24%

Засега официјално познати кандидати за градоначалник на Карпош се Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ и Маја Мојсова од СДСМ, додека кандидатурите до Државната изборна комисија ќе се поднесуваат најдоцна до 13 септември.

error: Содржината е заштитена од копирање !!