МНОГУ ТОПЛО, ВИСОК УВ СТЕПЕН НА ЗРАЧЕЊЕ, ТЕМПЕРАТУРИ ДО 41 СТЕПЕНИ
20/07/2025 8:22
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и екстремно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Во попладневните часови постојат услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи на поединечни локации. УВ индексот ќе биде многу висок – 9.
Во Скопје времето ќе биде слично – сончево и многу топло со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер.
Во следните три дена се очекува стабилно, претежно сончево и жешко време, со слаб до умерен ветер од западен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат и до 41°C, а УВ индексот ќе остане на вредност 9.





