MKinformer

your daily dose of news

Тропски ден: Температури до 39 степени

18/07/2026 7:49

Сончево и многу топло, температурите ќе достигнат до 39 степени

Попладне можен локален пороен дожд со грмежи

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во одделни делови од земјата ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, кој локално ќе придонесе за мало освежување.

Во Скопје до 38 степени

Утринските температури низ земјата ќе се движат од 13 до 22 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 33 до 39 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а во попладневните часови во делови од котлината се можни краткотраен пороен дожд и грмежи.

Температурата во главниот град ќе се движи од околу 20 степени наутро до 38 степени во текот на денот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!