18-годишно девојче колабираше на Европските младински олимписки игри во Скопје
22/07/2025 20:11
Секој ден по некој скандал се појавува, заради аматерскиот и непрофесионален однос на организацијата на младинските олимписки игри, кои се одржуваат во Скопје.
Во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје, за време на одржување на Европски младински олимписки игри, на Х.В.(18) од Велика Британија и се слошило.
Таа со возило на Итна медицинска помош бил пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје за укажување на лекарска помош.






