Ја влечел мајка си со возило околу 20 метри
26/07/2026 15:28
Син ја влечел мајка си со автомобил околу 20 метри, заврши во болница
Полицијата уапси 24-годишник по нападот во село во општина Петровец
Дваесет и четиригодишен жител на скопско село е лишен од слобода откако се сомничи дека ја нападнал својата мајка, влечејќи ја со автомобил околу 20 метри. Повредената жена е пренесена во болница, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Според информациите, на 25 јули 2026 година околу 20:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д. (24) од скопско село.
Ја фатил низ отворениот прозорец од возилото
Тој се сомничи дека околу 18:50 часот, во село во општина Петровец, додека управувал патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото.
Жената пренесена во болница
Во настанот жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.






