Активни пет пожари на неколку локации во државата
24/07/2025 9:22
Во моментов се активни пожари на следните подрачја:
Општина Василево, Радовиш и Берово – кај селото Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде што гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Прилепско – во атарот на селото Бешиште, на локацијата позната како Бешишки Рид, каде што е зафатена мешана шума.
Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин гори нискостеблеста и деградирана шума.
Општина Штип – во близина на селата Драгоево и Селце, каде што гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева.
Општина Македонски Брод – активни се два пожара помеѓу селата Локвица и Крапа, каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Во исто време, под контрола се ставени пожарите во:
Прилеп и Македонски Брод – на подрачјето околу селата Латово и Грешница.
Чучер Сандево – каде ситуацијата е стабилизирана и огнот е под надзор.



![Состојба со пожарите за 24/25.07.2025 до 08:00 часот, активни 7 пожари pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)


