ВОЗИШ БЕЗ ДОЗВОЛА, ПИЈАН ИЛИ ДРОГИРАН? ЗБОГУМ АВТОМОБИЛУ!
01/08/2025 10:27
Македонија воведува најстроги мерки досега за дивјаците на патиштата – оние кои мислат дека сообраќајот е приватна арена за беззаконие. Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, државата конечно влече остар потег: трајно одземање на возилото за најбезобразните прекршители – оние што возат без дозвола, под дејство на алкохол или дроги, или дивеат со опасна брзина.
Министерот Панче Тошковски ја објави бомбата: нема зголемување на глобите, но затоа казните ќе бодат! Покрај конфискацијата, секое безобѕирно возење ќе повлече и затворска или условна казна. Повеќе нема милост за оние што свесно ризикуваат животи.
„Луѓе кои возат пијани, дрогирани и без дозвола немаат што да бараат во сообраќајот“, порача Тошковски, навестувајќи нулта толеранција.
А конфискуваните возила? Наместо да рѓосуваат на паркинзи, ќе бидат донирани на јавни институции – за да служат на сите граѓани, наместо да се користат за криминални трки по улиците.
Крај за сообраќајните хулигани – државата им го зема не само воланот, туку и „играчките“.





