Третина од локалите фатени без фискална!
01/08/2025 18:57
Контрола на Управата за јавни приходи (УЈП) откри непријатна вистина – секој трет угостителски и трговски објект не почитува елементарни законски правила.
Од 154 проверени ресторани, кафулиња, бутици и продавници, дури 52 работеле без фискален апарат, или „заборавале“ да издадат фискална сметка.
Резултатот?
Пет објекти ставени под клуч – три во туристичкиот бисер Охрид и по еден во Гостивар и Струга.
Причина?
Повторено игнорирање на фискалните правила во изминативе две години. Парични казни добиле уште 52.
Најмногу прекршители, Охрид, Струга и Ресен. Од 64 контроли, дури 26 со неправилности.
Во Скопје 9 прекршители од 43.
Во Тетово – 4 од 15.
А најмалку во туристичкиот Дојран со 2 прекршока.
УЈП најавува дека ова е само почеток – следуваат вкрстени проверки на приходите на „заборавните“ фирми. „Фискалната сметка не е само парче хартија – таа е доказ за одговорно работење“, порачуваат од институцијата.





