Трамп: Русија има рок до петок, Стив Витков неделава во Москва на преговари за прекин на огнот во Украина
04/08/2025 8:34
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговиот специјален претставник, Стив Виткоф, би можел да отпатува во Русија во среда или четврток, со цел да се разговара за можен прекин на огнот во Украина.
„Ќе има санкции ако Русија не се согласи на прекин на огнот до петок. Но тие се доста вешти во избегнување на санкции – вистински лукави ликови – па ќе видиме што ќе се случи,“ изјави Трамп за новинарите, пренесува „Ројтерс“.
Претходно, американскиот претседател нареди распоредување на две нуклеарни подморници во, како што ги опиша, „соодветни региони“ како одговор на „глупавите и провокативни“ нуклеарни закани од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.





