MKinformer

your daily dose of news

Голем пожар во фабриката „Мирана“ во Велес – пожарникарите се бореа со огнената стихија

05/08/2025 7:04

Голем пожар вчера вечер избувна во фабриката за прехранбена индустрија „Мирана“ во Велес, предизвикувајќи огромен чад кој се гледа оддалеку.

Пожарникарите од Велес веднаш интервенираа, а според првичните информации, за помош пристигнуваат и противпожарни екипи од соседните општини. Борбата со огнените пламенови ја отежнува силниот ветер кој го разгорува пожарот и го шири чадот во околината.

Граѓаните од околните населби пријавуваат густ чад и неподнослива миризба што се чувствува низ целиот град. Засега нема информации за повредени лица или причината за избувнувањето на пожарот.

Локалните власти апелираат граѓаните да избегнуваат движење во близина на фабриката и да ги затворат прозорците за да се заштитат од чадот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!