MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Огнен пекол во Норвешка, изгореа над 100 куќи

18/07/2026 7:39

Над 100 куќи уништени во голем пожар во Норвешка

Силниот ветер го отежнал гаснењето

Повеќе од 100 куќи беа уништени во голем пожар што денеска избувна во близина на градот Драмен, на околу 50 километри западно од норвешката престолнина Осло. Според информациите на спасувачките служби, засега нема извештаи за загинати или исчезнати лица.

Пожарот брзо се проширил низ населбата, а густ црн чад ја покрил пошироката област.

Во гаснењето учествуваат десетици пожарникари

Според информациите објавени од Ројтерс, интервенцијата била значително отежната поради силниот ветер, кој придонел огнот брзо да се шири од една на друга куќа.

Во акцијата за гаснење биле ангажирани најмалку 60 пожарникари, на кои им се приклучиле дополнителни екипи од околните области, како и хеликоптери кои помагаат во справувањето со огнената стихија.

Надлежните продолжуваат со интервенцијата, а причините за избувнувањето на пожарот засега не се соопштени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!