Трагедија во Газа: 20 загинати кога камион со хуманитарна помош се преврте врз толпа цивили
06/08/2025 10:11
Најмалку 20 лица го загубија животот, а повеќе десетици беа повредени во трагична несреќа во Газа, кога камион натоварен со хуманитарна помош се преврте врз толпа луѓе кои чекале за да добијат помош. Инцидентот се случил рано утрово.
Според палестинската државна агенција WAFA, израелската армија го насочила камионот да се движи по небезбеден и оштетен пат, што довело до трагедијата. Локацијата на несреќата сè уште не е официјално потврдена.
Владината медиумска канцеларија во Газа ја обвини израелската војска за намерно создавање „хаос и глад“, бидејќи конвоите со хуманитарна помош биле принудени да користат патишта кои претходно биле бомбардирани и несанирни, каде имало голем број гладни цивили.
Системот за дистрибуција на помош што го контролира Израел се опишува како „стапица на смртта“ за жителите на Газа кои се обидуваат да дојдат до основни намирници и помош.




