MKinformer

your daily dose of news

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

07/08/2025 8:55

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за низа тешки кривични дела, меѓу кои лихварство, фалсификување и злоупотреба на лични податоци.

Главниот осомничен е Т.В. (39) од селото Неготино, Гостиварско, кој од 2022 година до моментот на пријавувањето, ја искористувал тешката материјална состојба на едно лице од Гостивар и во повеќе наврати му позајмувал пари со екстремно високи камати. За заем од 35.000 евра, побарал 15.000 евра камата за една година, а потоа, месечно, дополнително по 3.000 евра камата.

Кога оштетениот не можел да ги врати парите, Т.В. со присила и закани го натерал да потпише договор за купопродажба на недвижен имот, заверен кај нотар.

error: Содржината е заштитена од копирање !!