(ВИДЕО) Зеленски под притисок: Снимки од насилна мобилизација ја разгневија јавноста!
10/08/2025 20:22
Украинските власти најавија промени во методите на мобилизација по низа насилни инциденти што предизвикаа револт кај јавноста. Истовремено, армијата предупредува на критичен недостиг од војници, што ја загрозува одбраната од руската агресија, пишува Financial Times.
Претседателот Володимир Зеленски одбива да ја намали старосната граница за мобилизација под 25 години, нагласувајќи дека „не сака да ја жртвува следната генерација“. Но, токму тоа ја ограничува базата на потенцијални регрути во момент кога руските сили напредуваат на повеќе делови од фронтот долг 1.000 километри.





