Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин
15/08/2025 22:09
Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин денеска започнаа преговори со цел да се најде пат кон завршување на војната меѓу Русија и Украина.
Средбата започна со свечено ракување и прошетка по црвениот тепих на пистата во воената база Елмендорф-Ричардсон, каде камерите на Белата куќа во живо го пренесоа моментот на единство и дипломатска решеност.
Во руската делегација се наоѓаат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот за надворешна политика Јуриј Уштаков, додека американската страна е претставена од државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф.
Очекувањата од оваа средба се големи, а дипломатските кругови ја гледаат како можен историски чекор кон постигнување траен мир и стабилност во регионот.






