Денеска повеќе скопски улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров без струја поради технички зафати на ЕВН
29/08/2025 7:19
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, 28 август 2025 година, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа дел од корисниците во Скопје ќе останат без електрична енергија.
Прекини на струја:
-
⏰ Од 08:00 до 14:00 часот – корисниците од ул. Јосиф Јосифовски Свештарот, општина Центар.
-
⏰ Од 08:00 до 15:00 часот – корисниците од улиците 1, 2 и 3 во с. Долно Лисиче, општина Аеродром.
-
⏰ Од 08:00 до 15:00 часот – дел од ул. 3-та Македонска Бригада, поточно објектите во околината на СУГС Владо Тасевски, општина Аеродром.
-
⏰ Од 09:00 до 13:00 часот – дел од ул. Црногорска, општина Ѓорче Петров.
Граѓаните се замолуваат да ги планираат своите активности согласно најавените прекини.




