MKinformer

your daily dose of news

СРБИЈА ПОРАЗЕНА ОД ТУРЦИЈА ЗА ПРВОТО МЕСТО ВО А-ГРУПАТА

04/09/2025 8:32

Турција ја совлада Србија со резултат 95:90 и го освои првото место во А-групата на Европското кошаркарско првенство 2025. Србија, како второпласирана селекција, обезбеди пласман во осминафиналето.

Во елиминациите се пласираа и ко-домаќинот Летонија, како и Португалија, кои ја комплетираа листата на најдобрите четири од оваа група.

Од Б-групата во следната фаза место обезбедија Германија, Литванија, Финска и Шведска.

Останатите осум репрезентации што ќе се приклучат во осминафиналето ќе бидат познати по одигрувањето на последното коло во Ц и Д-група.

error: Содржината е заштитена од копирање !!