Турција и Финска обезбедија осминафинале на Евробаскет по убедливи победи
31/08/2025 10:43
На Европското првенство во кошарка 2025 вечерва добивме уште два патници во нокаут фазата. Со нови убедливи победи, Турција и Финска обезбедија пласман во осминафиналето и ја зацврстија својата позиција меѓу најдобрите.
Во Лимасол, Турција ја совлада Португалија со 95-54. Клучната фигура повторно беше Алперен Сенгун, кој ја предводеше селекцијата на Ергин Атаман до сигурна победа. Турците уште во првото полувреме создадоа недостижна предност од 24 поени, а Фуркан Коркмаз и Онуралп Битим донесоа дополнителна енергија од клупата. Со овој триумф, Турција стигна до 3-0 скор – најдобар почеток на едно Европско првенство за нив по 2009 година. Португалија, пак, остана на биланс 1-2, и покрај 15-те поени на Немиас Квета.
Во Тампере, пред 12.900 навивачи, Финска ја совлада Црна Гора со 85-65. Главен херој беше Лаури Марканен со 26 поени и 13 скока. Финците ја скршија рамнотежата во втората четвртина со клучна серија од 12-1, која го одлучи натпреварот и ја осигура нивната следна фаза на шампионатот.
Со овие победи, Турција и Финска се приклучуваат на тимовите кои веќе обезбедија место во елиминациите и покажуваат дека ќе бидат сериозни противници за медалите.






