Украинското МО: 700.000 руски војници се наоѓаат на украинска територија
06/09/2025 13:51
На украинска територија во моментов се наоѓаат околу 700.000 руски војници, соопшти разузнавачката агенција при Министерството за одбрана на Украина (ГУР).
Андриј Јусов, претставник на Главната дирекција за разузнавање, во интервју за порталот „Новини.ЛИВ“ изјави дека најголемиот дел од руските трупи се концентрирани во областа на Доњецк, што укажува на тоа дека токму таа област е клучната цел на Кремљ.
Јусов нагласи дека во бројката не се вклучени само регуларните војници, туку и помошните единици, специјалните служби и руската Национална гарда.





