(Видео) И утрово чад и смрдеа се шири над Скопје од Дрисла
12/09/2025 9:35
Скопјани и утрово ги разбуди непријатна миризба и чад кој доаѓа од градската депонија Дрисла. Пожарот е активен веќе неколку дена, а институциите повеќе од очигледно не можат да се справат со него.
Екипата на МК Информер утрово од местото Сончев Град во Сопиште ја снимаше скопската котлина која се гледа дека е покриена со чад кој доаѓа од Дрисла. Пожарот на Дрисла избувна пред некој ден, а ниту дождот кој ја зафати скопската котлина не успеа да ги изгасние огнените јазици.
Властна и институциите кои наместо да интервенираат и да ги заштитат граѓаните од оваа еко катастрофа и загадување се обиде политички да го релативизира одговорот на овој горлив проблем на скопјани.
Зимата и грејната сезона сеуште не се почнати, а скопјани веќе се гушат во загадување, чад и смрдеа, а власта наместо да ги употреби сите капацитети за гаснење на пожарот и да ги заштити граѓаните, бара виновници во претходната власт, а решение за проблемот најавува дури после локалните избори кои се за месец дена.






