MKinformer

your daily dose of news

Времето денес сончево и топло, од утре нестабилно со дожд и силен ветер

13/09/2025 8:20

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат меѓу 7 и 16°C, додека максималните ќе достигнат од 26 до 33°C.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14°C, а максималната ќе достигне 32°C.

Под влијание на циклонска активност, во недела попладне, во текот на ноќта и понеделник претпладне, времето ќе стане променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На одредени места ќе има поинтензивни врнежи со над 25 литри на m² и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер, локално со брзина над 60 km/h.

Во наредните денови потоа, се очекува постепено стабилизирање на времето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!