Денес сончево и до 35 степени, попладне можен дожд – за викендот заладување
10/09/2026 7:50
Денес сончево и до 35 степени ќе биде во поголем дел од Македонија, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност. Наместа се можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени. Максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови.
Во Скопје до 34 степени
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне 34 степени.
Утре сè уште топло
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе се задржи сончево и топло време.
Поголема промена се очекува во деновите од викендот.
За викендот дожд и пад на температурите
Под влијание на циклонска активност, за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време.
Се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Локално врнежите може да бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер.
Од сабота дневните температури ќе бидат во значително опаѓање.
Денес сончево и до 35 степени, но попладне локално е можен пороен дожд со грмежи. Позначителна промена на времето се очекува за време на викендот.





