MKinformer

your daily dose of news

Денес сончево и до 36 степени, од утре попладне можни невреме, град и силен ветер

08/09/2026 8:56

Денес времето ќе биде сончево и топло, со температури до 36 степени. Од утре попладне, пак, се најавува дестабилизација со пороен дожд, грмежи, силен ветер и можна појава на град.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денес ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 8 до 19 степени.

Максималната дневна температура ќе достигне од 30 до 36 степени.

Во Скопје до 36 степени

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне до 36.

Од утре можни локални невремиња

Утре и задутре претпладне времето ќе биде сончево и топло.

Ќе има мала до умерена локална облачност.

Во попладневните часови наместа се најавуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР предупредува на град и силен ветер

Од УХМР предупредуваат дека поради големата енергија во атмосферата, локално процесите може да бидат поинтензивни.

Можно е невреме со силен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

До крајот на неделата на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност.

Денес сончево и до 36 степени, а од утре попладне се зголемува можноста за невреме, град и силен ветер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!