MKinformer

your daily dose of news

Министерот Меџити од Трубарево: Пожарот во објектот за рециклирање е под контрола, се чекаат резултати од мерењата

14/09/2025 9:59

По големиот пожар што вчера избувна во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад во скопското село Трубарево, министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа излезе со изјава.

„Денешниот пожар разбирливо предизвика загриженост кај сите граѓани. Фирмата има 10-годишна дозвола добиена во 2021 година. Апелирам на смиреност и доверба во институциите. Веднаш реагиравме, нашите инспектори го мереа квалитетот на воздухот и ситуацијата е под контрола,“ изјави Меџити во соопштение испратено до медиумите околу 3 часот по полноќ.

Тој нагласи дека првичните резултати од мерењата на квалитетот на воздухот се очекуваат во секој момент, но до утрото податоците сѐ уште не беа објавени.

Иако министерот пристигнал во Трубарево доцна навечер, претходно попладнето присуствувал на партиски активности, вклучително и во својата изборна кампања за градоначалник на Чаир. Негово отсуство беше забележано и на вонредната владина прес-конференција за пожарот, каде беа присутни други министри од засегнатите ресори. Во текот на денот Меџити повеќепати се вклучуваше во живо на социјалните мрежи од партиските настани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!