Хаос во собранието на Албанија: Пратеници од опозицијата со шишиња и хартии фрлаа кон премиерот Еди Рама
19/09/2025 9:27
Во албанскиот парламент вчера настана хаос откако опозициските пратеници почнаа да фрлаат шишиња и хартии кон премиерот Еди Рама. Инцидентот се случи веднаш по изјавата на новата министерка за вештачка интелигенција, задолжена за јавни набавки, која рече дека е „повредена“ од тоа што ја нарекле „неуставна“.
Оваа реакција на опозицијата доаѓа само неколку дена по историскиот чекор на Албанија, изборот на првиот министер за вештачка интелигенција на 11 септември. Новоформираното министерство има надлежност над јавните набавки и тендерските постапки, што власта го претстави како дел од реформите за модернизација и транспарентност.
Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а аналитичарите предупредуваат дека овој потег на опозицијата дополнително ги продлабочува политичките тензии во земјата.






